Следната претстава која ќе може да се проследи во рамките на годинашниве Мајски оперски вечери онлајн е балетот „Рајмонда“, кој ќе биде прикажан вечерва.

На 15 мај е „Турандот“, на 17 мај „Кавалерија Рустикана“ и оперскиот концерт по повод 70 години од оперската уметност. Љубителите на балетот на 19 мај ќе имате можност да го проследи балетскиот концерт „Балетски бисери“, а на 22 мај онлајн ќе биде прикажана операта „Фауст“. На 24 мај, по повод празникот „Св. Кирил и Методиј“ граѓаните ќе имаат можност да ја проследат операта „Лидија од Македонија“ од Ристо Аврамовски. Операта „Адријана Лекуврер“ ќе се емитува на 26 мај, а операта „Травијата“ на 29 мај. Традиционално, Мајските оперски вечери ќе завршат на 31 мај кога ќе се емитува операта „Аида“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.