Националниот сојуз на слепите на Република Македонија ја промовираше аудиокнигата „Ова не е крај“ посветена на Тоше Проески, како и звучното месечно списание „Панорама“, кое е гласник на Сојузот за информирање на слепите и слабовидните лица од земјава и од регионот.

На промоцијата се обрати министерот за култура Хусни Исмаили.

Министерството за култура со години ја поддржува издавачката дејност на Националниот сојуз на слепите на Република Северна Македонија зашто посветено работиме на спроведување на нашите политики за надминување на различностите, за кршење на бариерите, на намалување на границите и на разликите помеѓу луѓето од каков било вид, рече Исмаили.

На свеченоста во Националниот сојуз на слепите, организирана по повод 15 Октомвр-Светскиот ден на Белиот стап се обрати претседателот на Сојузот, Жарко Селковски, а беа промовирани и последните броеви од списанието „Панорама“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.