Утре, 14 март во 12 часот во спомен-собата „Т’га за југ“ во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје, ќе се одржи промоција на книгата „Недопрени бисери“ од Ленче Милошевска. За делото ќе говори писателката Марина Мијаковска, а фрагменти ќе чита Винсент Вилчник, македонистка од Словенија.

„Недопрени бисери“ е книга раскази и кратки приказни. Во нив се опишани секојдневни реални ситуции, семејни релации, душевниот (не)мир, посветеност и свртеност кон природата и животните, контексти диктирани од пандемиската реалност, како и многу приказни поврзани со родниот град на авторката – Скопје.

Ленче Милошевска е поет, романсиер и преведувач. Работела како уреник во издавачките куќи „Култура“ и „Македонска книга“. Член е на Друштвото на писателитие на Македонија од 1999 година. Авторка е на четири романи, пет стихозбирки и дваесетина преводи од англиски, српски и хрватски на македонски јазик. Застапена е во повеќе поетски антологии, а нејзините песни се преведени на повеќе јазици. „Недопрени бисери“, издание на Арс Ламина, е нејзина втора книга раскази.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.