Новиот, четврти роман на писателката Лидија Димковска, насловен „Единствен матичен број“ ќе биде промовиран во четврток, 17 август во кафе-бар „Филхармонија“.
Со почеток во 19 и 30 часот, промотори на романот се Виолета Танчева-Златева и Гоце Смилевски, обајцата истакнати дејци во современата македонска литература.
Во издание на издавачката куќа „Три“, за романот се вели дека е уште еден во низата романи на Димковска во потрага по идентитетот и домот, освестувачка приказна за светот што заборавивме да го сакаме.
„Ве очекуваме во што е можно поголем број, заедно да ја вдомиме оваа книга во нашите срца. Токму каде што и треба да биде домот“, велат организаторите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.