Во понеделник, 30. август, со почеток во 19 часот, под покровителство на Град Скопје и во организација на Домот на културата „Кочо Рацин“ – Скопје, Поетри слем Македонија ќе го промовира Зборникот на националниот слем од 2020 година во Скопје.

На промоцијата ќе присуствуваат застапените автор(к)и кои земаа учество на Десеттиот јубилеен национален слем-натпревар што се одржа на 10 октомври минатата година на летната сцена на НУ Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп.

Настанот ќе биде јавен, под отворено небо и добредојдени се сите намерни и случајни минувач(к)и. Публиката, односно мунувач(к)ите заедно со слемер(к)ите ќе се движи од пред Домот на културата „Кочо Рацин“ – Скопје до Старата чаршија, каде на неколку попатни локации слемер(к)те ќе ја изведуваат својата поезја: Плоштадот, Камениот мост, Чаршијата и др.

Ова е прва промоција на книга од ваков тип кај нас. Ќе настапат: Елена Пренџова, Перо Сарџоски, Марија Грубор, Цветанка Колева, Ирена Јурчева, Константин Карев, Марина Икономова Шокева, Горазд Китановски – Кени и Ива Дамјаноски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.