Четвртата стихозбирка на Исток Ј. Улчар со наслов „Порој од пепел“ ќе биде промовирана вечерва во Младинскиот културен центар во Скопје.

Стихови од делото ќе читаат: Лазар Христов и Сергеј Димовски. Музичка подлога: Александар Скрјабин/Немнтин – „Мистериум: Уводно дејство (Подготовка за конечната мистерија)“

Исток Ј. Улчар е роден на 11.9.1996 година во Скопје. Од 2014 досега се објавени четири негови книги поезија. Негови песни и расказ се застапени во неколку избори на дела од млади македонски и екс-југословенски автори. Учествувал на повеќе поетски читања дома и на 2 поетски настани во во Белград, Србија. Негови песни се преведени на српски, на унгарски и на англиски јазик.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.