Вечерва во 19 часот, во фоајето на Националната установа Центар за култура „Трајко Прокопиев“ -Куманово ќе се одржи промоција на романот „Денот на црвот“ од Симона Јованоска.

Симона Јованоска е родена во Гостивар, завршила средно Економско училиште во родниот град, а потоа и Економски факултет на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“. Својата прва дебитантска книга ја објавува во 2015 година под наслов „Ги најдов во длабокото“. „Денот на црвот“ е нејзин прв роман, но и како првенче во конкуренција од 39 книжевни остварувања е добитник на наградата „Роман на годината“ за 2021 година што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“.

„Со чудата треба да се внимава“- „Во вторник на промоцијата ние ќе внимаваме, „чудата“ се околу нас, во фоајето, помеѓу кориците на романот но и помеѓу читателите. Автентични ликови, широк спектар од компарации овозможуваат читателска сладост и желба за сопствена но и општествена слобода, ослододување од личните и колективните стеги, посочува организаторот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.