Публикацијата: „ОД ИГРА ДО ПРЕТСТАВА – театарски практикум“ од авторите Игор Ивковиќ и Афродита Кирјаковска, ќе се одржи утре (12.01.2022 година,среда), во големата сала на Младинскиот центар „МАТИЧНО“, со почеток од 12 часот.

Станува збор за првиот театарски практикум во земјава, наменет за деца од предучилишна и училишна возраст, за нивните обучувачи, наставници, едукатори, но и за сите оние кои сакаат низ креативните театарски игри да ги откриваат тајните на сценската уметност, велат авторите.

Во практикумот се поместени стотина практични театарски игри, поделени во осум тематски целини, со чија примена се поттикнува креативноста, личните емоционални, интелектуални и социјални компетенции кај децата и младите. Сите овие игри се практикувани во десет годишната континуирана едукативна пракса на Здружението за културно – уметничка едукација „ОД ИГРА ДО ПРЕТСТАВА“.

Театрологот Јелена Лужина, практикумот го оценува како методолошки беспрекорен, спонтан и едноставен.

Промотори на изданието ќе бидат: Снежана Коневска – Руси, актерка, режисерка, пантомимичар и театарски едукатор, заедно со Милка Тримчевска, наставник по македонски јазик со децениска педагошка и едукативна пракса.

Настанот ќе се одржи според важечките протоколи за заштита од Ковид 19.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.