Во Детскиот креативен центар при Младинскиот културен центар (МКЦ) утре, во 18 часот ќее се одржи промоција на книгата „Во светот на децата“ од Габриела Точко.

Книгата „Во светот на децата“ содржи 36 детски песнички, од кои еден дел се модерни и во чекор со времето, а еден дел имаат поучна тематика и опфаќаат животни вредности кои треба да се почитуваат, а се наменети за најмладите читатели на возраст од 8 до 12 години.

Ова е прва книга на Габриела Точко и идејата за нејзиното промовирање е сосема поинаква од досегашните. Во создавањето на книгата и нејзината промоција се вклучени единствено децата, кои на еден посебен, оригинален начин ќе им претстават дел од песничките на своите другарчиња.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.