По десет години, македонскиот автор и професор Венко Андоновски се враќа на сцената со нов роман. Промоцијата на „Папокот на светлината“ , во издание на издавачкиот центар „ТРИ“е закажана вечерва, 1 декември, во 19 часот, во кино „Милениум“. Промотори ќе бидат Винка Саздова и Игор Џамбазов.

Андоновски се враќа на сцената со нов роман, десет години по објавувањето на последниот роман „Ќерката на математичарот“ и 22 години од „Папокот на светот“, книгата што ги освои книжевните награди Роман на годината, „Стале Попов“, „Балканика“ и руската награда „Југра“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.