На 20 февруари во Галеријата „Остен“ ќе биде промовирано монографското дело „Првиот принцип-цртежот“ од истакнатата македонска ликовна уметница Марија Павловска.

Станува збор за докторска теза „Историско – уметнички преглед на темата цртеж низ стиловите, низ епохите, како основа на уметничко дело ” под менторство на Проф. Д-р Кокан Грчев преточена во монографско дело насловено ПРВИОТ ПРИНЦИП – ЦРТЕЖОТ.

Предметот на истражувањето на овој труд на д-р Марија Павловска е проблематиката, содржината и важноста на ликовно визуелниот линеарен запис: цртежот, третиран и разбран како примарен визуелен запис и документ кој следствено влијае врз развитокот на сите други визуелни дисциплини: сликарство, вајарство, архитектура. Притоа, историскиот развој на феноменот на цртежот е поставен во контекст на соодветно истражување на ликовно визуелниот запис. Ова истражување особено го подвлекува значењето на цртежот како примарна структура на секое уметничко дело, давајќи му на самиот цртеж значење и функција да опстојува и да биде препознаен како автономен документ, автономна визуелна форма. Фокусирајќи се на цртежот и обидувајки се да го постави во улога на суштина на визуелните дисциплини, истражувањето доведува кон соодветно ниво на разбирање на структурата, дефинираноста, важноста, примарноста, стабилноста, моќта на цртежот и неговиот развој, како основни елементи на темата на истражувањето, вели проф. Д-р Кокан Грчев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.