Во Младинскиот културен центар во Скопје вечер ќе се одржи промоција на збирката интервјуа „Мастерклас: разговори со домашни режисери“ од Златко Ѓелески, во издание на ПНВ Публикации.

Книгата ќе ја претстави Влатко Галевски, а разговорот со авторот ќе го води Јулијана Величковска.

„Мастерклас“ содржи шест долги и темелни разговори со режисерите Милчо Манчевски, Владимир Блажевски, Антонио Митриќески, Горан Тренчовски, Светозар Ристовски и Игор Иванов ‒ Изи.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.