Денес, 7 Јуни 2021 година, со почеток од 18:30 часот, во македонскиот културно-информативен центар во Софија ќе се одржи промоција на книгите „Манастир Фуентерабија“ и „Вилино“ во присуство на авторките Јагода Михајловска-Георгиева и Винка Саздова, а во издание на издавачка куќа „Персеј“  од Софија.

Јагода Михајловска-Георгиева

МАНАСТИР ФУЕНТЕРАБИЈА

Две осамени, но чисти души, еднакво тажни и длабоко повредени, ја бараат утехата на брегот на океанот, ги пресекуваат своите патишта. Таа – сираче од дете, тој – напуштен од својата мајка и пораснат во дом. Таа – останала без својот сакан точно на денот на свадбата, тој – размонашен монах заради отец, со кого со години делеле една келија. Долго време не знаат ништо за себе, дури и своите имиња. Но може ли човек да таи нешто постојано, кое го јаде и измачува, не треба ли да го сподели и отфрли од себе?

Нара, недипломиран психолог, има сили да ја чуе маката и проблемите на луѓето, да им даде совет, да ги смири. А кој ќе ја чуе нејзината длабоко закопана болка, која не може да ја каже на глас пред никого? Со години таа го заклучила и телото, и своето срце. Никој не успева да го пробие бетонскиот ѕид, со којшто е прекинат нејзиниот контакт со светот.

А на чие рамо ќе се потпре и отец Ангел, со кого ќе го сподели револтот на својата душа?

И двајцата потојано се следени од сенките на луѓето, кои зазеле трајно место во нивните срца, и двајцата како да се затворени во свои сопствени манастири, од кои не можат да излезат.

Нара прави прв чекор кон „разбивање“ на манастирската порта.

Ќе промени ли нешто нејзиниот бакнеж? Дали приливот на љубовта ќе успее да ги опфати нивните срца? Дали Фуентерабија ќе биде нивното место за пречистување, за нов почеток?

Јагода Михајловска Георгиева е еден од најзначајните автори во современата македонска литература. Таа е меѓу малкуте носители на трите најголеми литературни награди во Република Македонија: „Роман на годината“ за „Индиговиот Бомбај“, „Рациновото признание“ за „Каменот на твојот ден“ и „Стале Попов“ за „Манастир Фуентарабија“. И трите романи се преведени на бугарски јазик.

Винка Саздова завршила психологија, работела како новинар и издавач. Во 1999 г. го основа Издавачкиот центат „ТРИ“, едно од најпопуларните издателства во Македонија. Десет години покасно се посветува на пишувањето и досега има напишано 5 романи, меѓу кои на бугарски јазик се издадени „Последниот чај“ и „Вилино“. Нејзините пет книги имат 35 тиражи во својата татковина. Два пати е признаена за најмногу читан автор во Македонија.

Зошто стоиш во затворот кога вратата е толку широко отворена? – Руми

Како така се случува, оние кои се сакале верно како дрвото и сенката, да станат непознати во еден и исти кревет и дом?

Трогателен роман за повикот на слободата и стравот од неа, за доброволното робство во „безбедните“ брачни води. Видан – Огнена – Тони: семеен триаголник од двајца отуѓени сопрузи и нивниот син. Приказната за тоа како блиски луѓе влегуваат во маѓепсан круг да се повредуваат еден со друг. Современ роман, но полн со источна мудрост и мистична филозофија, богат со психологизам и осетлив на сеизмичните трепети на душата. Но и роман-терапија: светлата и исполнета со љубов кон животот Вили од идиличното Вилино спроти отуѓувањето и страстите во големиот град.

Едно разорено семејство со талентиран син, но исправен пред сериозни проблеми, и една жена која живее исполнето, макар што го загубила својот сопруг. Практично меѓу нив нема ништо заедничко. Но, мажот среќава друга жена, која се пробува да го врати кон животот, а мајката и синот се пробуваат да ги вратат најсветлите роднински врски. Дали ќе успеат? Еден роман за барањето на човекот и човечкото во себе. И за убавината на животот.

Сижето и хероите во „Вилино“ се уметнинчка фикција, но Вили и нејзината кафетерија се реални. Тоа е најпознатото кафуле во Ловеч, Iron Fe-26, до познатиот Покриен мост. Таму навистина можете да ги пробате највкусните белгиски вафли не само во Бугарија, но и на Балканот. По време на гостување во Ловеч, придружувајки ја својата пријателка Јагода Михајловска-Георгиева по време на нејзината литературна турнеја во Бугарија, авторката е толку импресионирана од кафулето и од личната историја на Вили, при што ги вплетува во сижето на романот кој го пишува во тоа време. Така се раѓа „Вилино“, на чии страници се осеќа атмосферата на убавиот бугарски град.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.