Bо Домот на култура „Илинден“, во Општина Илинден, во рамките на 20-та Литературна манифестација „Илинден 2019“, се одржа промоција на книги на седуммина млади автори.

На присутните љубители на литературата со по неколку песни од нивните најнови дела им се претставија младите автори Ирена Јурчева, Магдалена Чапаровска, Филип Димковски, Томислав Каранфиловски, Христина Цветаноска, Моника Стојанова и Наде Поп Гаврилова.

Промотор на книгите беше Марина Мијаковска, која обраќаји им се на присутните истакна дека станува збор за поети кои се одликуваат со сопствена поетика и впечатлив стил кој внесува свежина во македонската книжевна сцена. Притоа, таа им посака да продолжат да го збогатуваат книжевното небо со нови песни како ѕвезди.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.