В среда, на 16 ноември 2022 година, со почеток во 12.00 часот, во ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје ќе се одржи промоција на книгата „Збунети компаси“ од Зоран Анчевски. Книгата е добитник на наградата ,,Браќа Миладиновци” што ја доделува фестивалот Струшки вечери на поезијата.

За наградената книга ќе зборува Марија Ѓорѓиева а стихови ќе интерпретира актерот Андреј Серафимовски.

Настанот ќе се одржи во Спомен собата ,,Т’га за југ”.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.