„Збирка есеи од кинеската филозофија“ од Д-р Александар Стаматов во издание на Аз-буки ќе се одржи во Метаноја на 2 септември (вторник) во 20 чaсот. Промотор ќе биде Проф. д-р Ана Димишковска.
Збирката содржи трудови кои авторот ги изработил за време на докторските студии и опфаќаат теми од областа на древната кинеска филозофија, неоконфуцијанизмот и некои современи аспекти на кинеската филозофија, вклучувајќи и компаративни трудови. Истата претставува единствена потемелна разработка на теми од кинеската филозофија од македонски автор, достапна на македонски јазик.
Стаматов дипломирал и магистрирал на Катедрата по филозофија на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје, а докторирал на Националниот централен универзитет во Тајван во областа на кинеската филозофија. Автор е на книгата Тао на Небото и Земјата: Проблемот на Едното кај таоизмот и конфучијанизмот и на многубројни трудови на македонски, кинески и англиски јазик. Стаматов живее во Тајван и е професор на Универзитетот Минг Чуан

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.