На 2.ноември 2019 година,сопочеток во 19 часот, на Факултетот за драмски уметности во Скопје ќе се одржи промоција на книгата „ТВ БОКСТеоретски прилози и филмско сценарио“ на режисерот Златко Славенски, а во издание на Факултетот за драмски уметности во Скопје.

Промотори на книгата ќе бидат: проф. д-р Сашко Насев, проф. д-р Александар Прокопиев и проф. д-р Небојша Вилиќ.

Книгата го опфаќа истражувањето на авторот кое требаше да биде негов докторски труд на тема: „Адаптација на драмски текст во филмско сценарио“, кој тој не успеа да го одбрани поради неговото прерано заминување. Книгата е сочинета од два дела: теоретски прилози и филмско сценарио „ТВ БОКС“, кое е адаптација на авторот од истоимениот оригинален драмски текст напишан од него и петмина актери кои беа вклучени во целото истражување.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.