Во фоајето на кино „Фросина“ вечер од 20 часот ќе биде промовирана поетската книга „Крстна коска“ од Наташа Сарџоска во издание на „ПНВ Публикации“.

Книгата ќе ја претстави проф. Димитар Пандев, а стихови ќе чита авторката во придружба на Ема Величковска, балерина и современа танчарка.

Наташа Сарџоска има објавено голем број есеи, книжевни преводи, раскази и неколку стихозбирки. Преведена е на повеќе јазици и објавена во САД, Италија, Аргентина, Србија, Колумбијa.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.