Промоција на зборникот „Филозофија и филм“ на англиски јазик, второ издание од едицијата „Филмософија“ на Филозофското друштво на Македонија коешто произлезе од Првата интернационална конференција „Филозофија и филм“ одржана во 2021 година.

Со текстови од 12 автори од цела Европа коишто пишуваат на различни теми од областа на филм-философијата, промоторот од Шпанија, Ернесто Хередеро дел Кампо, ќе ѝ го претстави изданието на македонската јавност во Културниот информативен центар Скопје во рамките на 12. Филозофски филмски фестивал.

Во рамките на Зборникот ќе можете да прочитате текстови и за двата македонски филмови коишто имаа номинација за Оскар, ПРЕД ДОЖДОТ на Милчо Манчевски и МЕДЕНА ЗЕМЈА на Тамара Котевска и Љубомир Стефанов.

Подолу можете да ја најдете содржината на изданието коешто ќе биде достапно на промоцијата по промотивна цена.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.