На 22 јануари (вторник) во 20 часот во Македонска опера и балет во Скопје ќе се одржи свечена промоција на играно-документарниот филм – ТИ СИ АЛЕФ. Автор, сценарист, режисер, продуцент е проф. д-р. Соња Ризоска Јовановска.

ТИ СИ АЛЕФ е играно – документарен филм за неуморниот патник кој тргнал кон патот на вистината, правдата, светлината, љубовта. Приказна за една неверојатна потрага по духовното обновување и средбата со највозвишеното, транцеденталното, сите допири со вечноста сфатена како скаменета сегашност, за човекот како микрокосмос, за лавиринтот на посебната форма за да се пронајде совршениот став за смислаата на постоењето во секојдневниот живот, за да се продолжи понатаму…
Улогата на Алеф: Игор Џамбазов.

Посебен белег на вечерта се настаните кои го отсликуваат – патот до Алеф
КОНЦЕРТ:
на доц. д-р. Абаз Јахја (изведба на бендир неј)
Ајдин Јахја (изведба на неј)

ЛИКОВНА ИЗЛОЖБА:
„Тајната на животот е да се падне седум пати и да се стане и осмиот пат“
на проф. д-р Живко Поповски – Цветин (сликар,хуманист)

ИЗЛОЖБА НА ФОТОГРАФИИ:
“Од пепелта до вистината со Алеф”

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.