В петок, на 25 јуни, во 12:45 часот во Кинотека ќе се одржи промоцијата на ДВД-изданието „Македонски кратки играни филмови“. Промоцијата е во рамки на филмскиот фестивал „Златна рамка“.

Ова ДВД-издание е најновиот реализиран проект на Кинотеката и претставува пресек на македонската кратка играна филмска форма. Во него се сместени вкупно 31 краток игран филм, што даваат еден вид преглед на она што е создавано во македонската кинематографија – уште од нејзините повоени институционализирани почетоци па се до денес…

Самата промоција е дел од програмата на третото издание на филмскиот фестивал „Златна рамка“: Денови на македонски филм – во организација на Друштвото на филмски работници на Македонија. Фестивалот ќе започне на 25 јуни и ќе трае три дена, до 27 јуни, под мотото „Повторно влегуваме во наш филм“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.