Во куќата на бесмртните, МАНУ, со почеток од 12 часот, ќе се случи уште една промоција на Балканската сага, односно четирите романи објавени во Загреб, во издание на Тим-прес (Tim-press): “Времето на козите”, “Враќањето на козите”, “Ервехе” и “Љубовта на генералот”.

Свое обраќање ќе има академик Таки Фити, претседател на МАНУ, додека промотивната реч ќе ја одржат Елизабета Шелева и Ферид Мухиќ.

Најавено е и обраќање на амбасадорката на Република Хрватска во Република Северна Македонија, Даниела Барешиќ, како и директорот на издавачката куќа Тим-прес, Хашим Бахтијари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.