Во дворот на Министерството за култура денеска, 8 јули во 20 часот ќе се одржи промоција на аудиовизуелните записи од поезијата на Блаже Конески, како и на кусите записи за животот и делото на великанот на современиот македонски јазик и култура.

Видеата се изготвени во рамките на програмата „2021 – Година во чест на Блаже Конески“, која е дел од Календарот на значајни јубилеи поддржани од УНЕСКО, а по повод одбележувањето на големиот јубилеј – 100 години од раѓањето на поетот, македонист, академик и еден од кодификаторите на македонскиот литературен јазик.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.