Во Планетариумот при МКЦ утре (28 август) од 20:30 часот ќе биде промовирана аудиокнигата „Лидија или сѐ што знам за жените“ од поетот Тихомир Јанчовски.

Во ликот на Лидија се собрани сите жени. Таа е архетип на сѐ женско, жена како битие. Има разлика меѓу машко и женско гледање на работите и сега ми се разјаснија тие работи… Во книгата е пишувано од аспект на тоа како еден маж ги гледа жените, а женскиот аспект на гледање е само начнат преку Лидија, се вели во најавата за аудиокнигата.

Според авторот, оваа книга е нешто помеѓу поезија и проза, нешто што и не мора да се дефинира.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.