Македонскиот тапанар Дино Милосављевиќ денеска ќе го претстави проектот „ЛАРТА“ во џез-клубот „BOVA Sahne“ во Истанбул.

Дел од „ЛАРТАA“ се и скопските музичари Ѓоко Максимовски на бас, Васко Бојаџиски на тенор саксофон и Владан Дробицки на тромбон, кој воедно е и продуцент на албумот со наслов „Фрагментс“ (Fragments), издаден за етикетата ПМГ Џез минатата година во Скопје.

Поддржувачи на концертот се Министерството за култура и Македонскиот културно-информативен центар во Истанбул.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.