В среда, на 27 ноември, во Котур кафе од 21 часот по пауза од 10 години во живо ќе настапат „Проект Жлуст“, една од најдобрите акустични македонски групи.

„Проект Жлуст“ го сочинуваат: Иван Бејков – контрабас, бас-гитара, Оливје Самуилан – виола (Франција), Виктор Филиповски – тапани, Ратко Даутовски – перкусии, Иван Иванов – саксофон, кларинет и Џијан Емин – клавијатури.

Овој пат, ќе ги слушнеме композициите на Иван Бејков и Џијан Емин, кои се спој на џез, македонскиот и балканскиот фолклор, звуците на класичната европска традиција, во еден романтичарски манир. Специјален гостин е музичкиот уметник од Франција, Оливје Самуилан, кој беше дел од првата постава на бендот кој важеше за еден од највлијателните состави и кој зад себе остави бројни незаборавни концерти и неколку исклучителни изданија, најавуваат од „Котур“.

Овој нивен камбек ќе значи и повторно обединување на врвните музичари и музички автори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.