Македонскиот центар ИТИ/Продукција деновиве ги издаде последните три е-Книги на ЦД кои се дел од активностите на нашиот годишен проект ДРАМСКИ ИНВЕРЗИИ, поддржан од Министерството за култура на РСМ – Годишна програма.

1.      еАнтологија на домашни драмски текстови – Јас не сум мртов, болен и славен

Домашни автори (12) и авторки (13): Ана Стојаноска, Катерина Момева, Калина Малеска, Ева Камчевска, Ана Трпеноска, Лидија Дамјановска, Изабела Јакимова, Маја Стевановиќ, Габриела Стојаноска-Станоеска, Христина Ѓоргиевска, Сузана Ѓорѓиевска, Елена Пренџова, Ивана Нелковска, Митко Бојаџиски, Марјан Анѓеловски, Мирко Видоески, Венкo Андоновски, Трајче Кацаров, Васил Михаил, Филип Вачков, Сашо Блажески, Стефан Марковски, Томислав Османли, Гоце Ристовски, Ѓорѓи Спасов

Синопсис. По објавениот повик за драмски текстови напишани во периодот од 2010 до 2022, пристигнаа голем број на драмски текстови од разни генерации, и професионален бекграунд; напишани во разни стилови, на разни теми … во е-антологијата застапени се 25 домашни познати и непознати автори; со поставени и непоставени  драмски текстови, со објавени и необјавени драмски текстови.  Насловот – Јас не сум мртов, болен и славен – е реакција на фактот дека домашните автори не се поставуваат на домашните театарски сцени, дека не постои континуитет туку инцидент на поставка, дека не постои стратегија за развој и видливост на современата драматика  …  и дека оваа состојба на статус кво и инцидент на привидност мора да се смени.

LINK. https://www.facebook.com/media/set/?set=a.499254132243174&type=3

LINK. https://www.facebook.com/media/set/?vanity=MacedonianCenterofInternationalTheaterInstitute&set=a.413882804076404

LINK. https://www.youtube.com/watch?v=0RCK1tNNHEU (video promotion)

2.      Четири драми на Симона Семенич (Словенија – 1.убавите види, убаво горат; 2.1981; 3.ти си чудо; 4.тоа јаболко, златно) Преводот е на Иванка Апостолова Баскар  (вклучувајќи ја и театарската илустрација) Издавачи – Македонски центар ИТИ/ПРОДУКЦИЈА

 Преведувајќи ги современите регионални, европски и меѓународно познати драмски автори –  ние го афирмираме македонскиот јазик правејќи го релевантен и кредибилен во светот на книжевното преведување; а на домашната читачка јавност ѝ претставуваме своевиден книжевен влез, во драмскиот менталитет на другите култури и автори/авторки во уметноста на театарот и перформансот – кој ни открива/ат поинакви традиции, современи отстапки, поинакви драмски системи и инспирирана уметност на сценската нарација и анти-нарација.

Синопсис. Симона Семенич пишува феминистички драмски текстови (но нестереотипни и спонтано ангажирани – типично за правите, вистинските уметници) таа своите драмски текстови ги пишува без големи букви, нејзиниот правопис е малцински – сите текстови се напишани со мали букви. Нејзиниот стил е силно препознатлив, таа е иновативна и во однос на дидаскалиите кои на креативен начин варијабилно ги вклучува во наративното дејство, обраќајќи им се на сценските техничари и режисерите. Нејзините теми се различни, богати и широки, непредвидливо раскажани – од реконструкција на години и начин на живот, говор, типови на луѓе, ситуации … во СФРЈ; до наративна реконструкција на жените во ренесансното сликарство; од жените во ситуација кога се жртви на социопат и манипулатор, кој во исто време води повеќе паралени животи со разни жени; до драмски претпоставки  со вештерки од историјата на инквизициите во комбинација со сите родови малверзации и турбуленци кои се спроведуваат со цел – игра на моќ и превласт во разни драмски ситуации. Нејзините драми се живи, витални, визуелни, емотивни, иронични, цинични, перцепетивни, луцидни … нудат многу инспирациски можности за разни сценски поставки.

Биографија.  СИМОНА СЕМЕНИЧ  (1975) е драмска авторка, перформерка и едукаторка. Дипломирала на АГРФТ (Академија за театар, радио, филм и телевизија) во  Љубљана, Словенија. Таа е добитничка на највисоката национална награда Прешерн за уметнички достигнувања.  Таа е трикратна добитничка на наградата Грум, национална награда за најдобар драмски текст (2009 – 5момчиња.сл; 2010 – 24 часа; 2015 – седум готвачи, четири војници и три софии).  Нејзините драми се преведени на дваесет и два јазика, објавени се и поставени се во повеќе земји во Европа, САД, Јужна Америка и Средниот Исток. Таа е авторка на повеќе наградени и номинирани драмски текстови: ние европските мртовци; вторпат; 43 среќни завршувања; ти не си заборавил, ти повеќе не се сеќаваш;  јас, жртвата; небото; опуштена и многу други.  Линк до нејзината официјална вебстрана. https://www.simonasemenic.com/front-page

LINK. https://www.facebook.com/media/set/?set=a.5307681675935343&type=3

LINK. https://www.facebook.com/media/set/?set=a.387288120069206&type=3

LINK. https://www.youtube.com/watch?v=oHD8NemkWnM (video promotion)

3.      Три драми на Филип Груиќ (Србија – 1.Таму каде што пеат; 2.Не пред 4:30, ниту после 5:00; 3.Вилицата на Ибен Бајерс ) Преводот е на Иванка Апостолова Баскар Театарски фото-илустрации во дигитална изложба на Ѓорѓи Крстески Ф.Ф. (монтажа на Михаило Апостолов) Издавачи – Македонски центар ИТИ/ПРОДУКЦИЈА

Синопсис. Филип Груиќ во своите драмски текстови пишува за кризите на младиот, современ маж; пишува за новодобните недоразбирања и разидувања помеѓу мажите и жените; тој пишува за кризата на мажественоста; за изгубените идентитети, за препотентната индивидуалност и современите родови без биолошка и лична перспектива. За современиот младински брејн дрејн.

Биографија. Филип Груиќ (1995) е дипломиран драматург, живее и работи во Белград и Нови Сад, Р. Србија. Тој е автор на драмски текстови и романи: Потстанар (издавач ЛОМ, 2020 г. – книгата е номинирана за Европска награда за книжевност и награда на НИН); Блудните денови на куратиот Џони (издавач Самиздат, 2017 г. – книгата се поставува како театарска претстава во Ујвидеки Шиназ); не пред 4:30,  ниту по 5:00 (драма – поставена како театарска претстава под наслов Пред да се раздени); Вилицата на Ибен Бајерс (драма – поставена како театарска претстава под наслов Големата депресија, во 2020 г.); Тука е убаво –сечам дрва и јадам грав (драма – поставена во режија на Миља Мазарак во 2019 г. ). Тој е  добитник е на Стериина награда за драма (не пред 4:30,  ниту по 5:00); награда Слободан Селениќ; награда Михиз за драмско создавање. Пишува текстови за Филмоскопија и Нови магазин у култури. Свири во бендот ЦИМЕРКЕ…

LINK. https://www.facebook.com/media/set/?set=a.5274770909226420&type=3

LINK. https://www.facebook.com/media/set/?set=a.387290123402339&type=3

LINK. https://www.youtube.com/watch?v=5MVHQt2dIZY (video promotion)

LINK. https://www.youtube.com/watch?v=QjFTrboaPzA (digital exhibition)



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.