Во организација на Културно-информативен центар – Скопје вечер ќе биде отворена групната изложба „Проект 4“ на ликовните уметници од Србија – Татјана Армуш, Данијела Тасиќ Цветковиќ, Мила Алексиќ и Татјана Димитријевиќ. Изложбата ќе биде отворена до 23-ти месецов.

– Проектот 4 не постои. Просторот во кој е родена идеjата, поставката на Проектот 4, во еден момент поседуваше димензии во рамките на кои се наоѓаше сè, воедно и временската димензија во која, надвор од сето тоа, ништо не постои. Оваа четворка може и во повеќедимензионалниот систем, не ограничена повеќе со времето и просторот, да превземе некои нови облици, преку реализацијата на почетокот на едно ново заедништво, обидувајќи се да го пренебрегне сето она време што постои како вакуум зад сите нас. Минувајќи низ магловити предели, над плавите хоризонти, водена со колоритни патишта во црно бели констатации, оваа поставка претставува постоење на различни патишта до исти сознанија: дека само движењето е живот, движењето не како инерција туку како свесно вложен напор према сознавањето на светот околу себе и во себе, се вели во најавата за групната изложба.

од КИЦ посочуваат дка со оваа поставка во новиот простор, со димензија на времето кое во себе ги содржи сите потенциални енергии за реализација на скоковите, преку и покрај наметнатите пониски енергетски битствувања, Проектот 4 не постои како фиксна, непроменлива детерминанта, туку го започнува својот пат на излез од зададените ни форми.

Татјана Армуш е родена 1986 година во Сомбор (Србија) каде завршува основно училиште и средна школа. Дипломирала 2009. година на Факултетот на уметности во Приштина (со седиште во Звечани) на смерот Ликовна графика во класата на професорот Зоран Јовановиќ – Добротина. Реализирала три самостојни изложби и изложувала на повеќе колективни во Сомбор, Нови Сад, Белград, Косовска Митровица и Грачаница.

Данијела Тасиќ Цветковиќ е родена 1974 година во Оџаци. Завршила Гимназија „Вељко Петровиќ“ во Сомбор. После завршувањето на ВШЛИПУ во Белград, запишува Факултет за ликовна уметност, одсек сликарство. Дипломирала 2003 година, а магистрирала 2007 на истиот факултет во класата на професорот Јован Сивачки. Член е на УЛУС од 2003 Добитничка е на неколку награди за сликарство во текот на студиите и награда на Сомборскиот Ликовен салон 2017 година. Често учествувала на групни изложби, а излага и самостојно.

Мила Алексиќ живее и работи во Сомбор, учествувала на повеќе заеднички изложби и реализирала една самостојна. Се бави со самоистражување низ концептот на монохромни инсталации и записи.

Татјана Димитријевиќ е родена 1965 година во Сомбор, Србија. Дипломирала 1988 на Академијата на ликовна уметност во Нови Сад, на отескот за сликарство, во класата на професорот Душан Тодоровиќ. Изложувала самостојно и на бројни колективни изложби во земјата и странство (Италија, Норвешка, Француска, Швајцарија), учествувала и на повеќе собири на ликовни колонии. Од 2009 до 2018 година ја реализирала Street art акцијата на плоштадот Св.Тројство во Сомбор.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.