Со проекција на филмот „Мисија Лондон“ во чест на лауреатот Алек Попов, синоќа во Кинотека на Македонија беше затворено најновото издание на фестивалот „Про-За Балкан“.

Поради приклучувањето на Бугарија во ЕУ, во амбасадата во Лондон се подготвува концерт а задачата на новиот амбасадор Варадин е да се погрижи кралицата да присуствува. Но со корумпиран персонал, криминални банди кои работат надвор од кујната, вљубувањето во стриптизета и мало недоразбирање со ПР агенција која обезбедува „копии на кралското семејство“ – неговата едноставна задача се претвора во хаотичен кошмар.

Режија: Димитар Митовски; Улоги: Јулиан Вергов, Алан Форд, Ралф Браун, Томас Арана.

Филмот е работен според истоимениот роман на Алек Попов, бугарски писател, кој во моментов работи и на сценариото на серијата „Преспав“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.