Продуктивна посета на Охрид на Амбасадорот Дејвид Гир заедно со амбасадорите од земјите-членки на ЕУ. Главен фокус на посетата беше зачувување на уникатното природно и културно наследство на охридскиот регион признато од #UNESCO, заедно со промоција на туризмот, иновациите и економските можности во регионот.
Амбасадорите остварија средба и со градоначалникот Кирил Пецаков – Градоначалник на Општина Охрид на која се разговараше за приоритетите на општина Охрид. Денот го искористивме и за посета на Националниот парк Галичица (National Park Galicica) поддржан од #TeamEurope како и за средба со иновативниот проектен тим од Kasarna HUB финансиран од ЕУ.
Посетата ја заокруживме со вредни дискусии со претставници на граѓанските здруженија и експерти за културно наследство кои не` однесоа на посета на локалитетот Плаошник.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.