Ретроспективната изложба на Васко Ташковски во Даут-пашин амам поради големиот интерес на публиката ќе може да се погледне до 15 јануари, соопштуваат од Националната галерија.

Во специјализираната музејска продавница во објектот може да се купат различни подароци со мотиви од авторот Ташковски и неговите дела, како што се ленени торби, шољи, магнети и бележник.

Поради големиот интерес, првото издание на каталогот од изложбата е потрошено, но до крајот на следната недела ќе има и нов тираж за сите оние кои не успеаја да купат примерок.

Објектите на Националната галерија работат секој ден освен понеделник, од 10 до 18 часот. Влезница за секој објект поединечно чини 100 денари, а посетата на изложбите е со почитување на здравствените протоколи и задлжителен сертификат за вакцинација против ковид-19.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.