Прилепскиот театар одбележа 69 години од своето постоење, за жал во услови на објектот кои се далеку полоши од времето кога во 1950 година за прв пат се подигнала завесата. И покрај тоа што актерите пред неколку недели гласно проворија за катастрофалната ситуација, мувлата, глувците, промајата, течењето на вода и смрдеата, државата продолжува да биде глува. И годинава нема ниту денар за реновирање за обејктот.

Не е до староста на објектот или немањето на финансиски средства туку најмногу до неодржувањето. Во Лондон има театри од 1520 година, се одржувани и функционираат како што треба, истакна Димитар Ѓорѓиевски, актер.

Всушност театарот не ни постои веќе 14 години, немаме статус на театар, туку на обична драмска секција во рамките на домот за култура.

Сите беа согласни дека условите се лоши ама никој не подигна некоја инициијатива за евентуално подобрување на настаните, рече Ангела Наумоска, актер.

 

Ние славиме 69 години, а нашата институција е затворена, што е најтажно. А сведоци сме дека во државава се отвораат нови театри. А што правиме со старите ќе ги затвораме, додаде Михајло Миленкоски, актер.

Актерите велат дека повеќе не веруваат во празните ветувања кои со години ги даваат политичарите пред секои избори, дека Прилеп ќе добие нов тетар.

Не верувам дека за скоро време ќе се подобрат условите, нииту тоа дека јас ќе дочекам нов театар, вели Марјан Чакмакоски, актер.

За 10 години прилепскиот театар има освоено 5 греми награди на фестивалот „Војдан Чернодрински“ и уште многу на меѓународна сцена. Се смета за еден од најдобрите на Македонија. Актерите на шега велат дека во колку полоши услови работат, толку се подобри.

Приоритетите се секако екипата, екипата е најголемата инспитација за работа, тоа така ќе продолжи и во иднина, рече Кирил Петрески, режисер.

извор сител.тв

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.