Во сабота, (15 февруари),  со почеток во 20 часот, во Националната опера и балет ќе биде изведена балетската претстава „Самсон и Далила“, на музика на Камиј Сен-Санс. Приказна за страста, заведувањето, предавството и смртта.

„Самсон и Далила“ е во кореографија на Роналд Савковиќ (Хрватска),  додека во главните улоги ќе настапат: Александра Мијалкова и Васил Чичијашвили (Грузија). Во улогата на Крв: Саша Ефтимова, Месо: Ендру Кук (Англија), Церемонијал мајстор: Мирослав Митрашиновиќ и Смрт: Олга Панго

„Самсон и Далила“ обработува библиска приказна за вечната борба помеѓу ДОБРОТО И ЗЛОТО.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.