Петок (03.03.2023), во 20ч., презентација и разговор за уметничкиот проект „Лета, лета Локубија“ на уметницата Елена Чемерска во рамките на проектот Arts Hub

Преку оваа серијата од 6 презентаци и разговори, домашните уметници и автори кои во контекст на програмата КСП Центар Јадро во изминативе 2 години беа поддржани да реализираат свои проекти на партиципативна/социјално ангажирана уметност (Кристина Божурска, Културно Ехо, Елена Чемерска, Ивана Мирчевска, Симона Манчева, Лидија Пајевиќ и Крунислав Стојановски) ги претставуваат своите веќе реализирани проекти и ги споделуваат искуствата и научените лекции од праксата во специфичниот локален контекст. Проследени со прашања и одговори , овие презентации и разговори, меѓу другото, ги пренесуваат искуствата и ќе помогнат во освестување на битните аспекти поврзани со подготовката и реализацијата на проекти и акции базирани на социјално ангажираната уметност.

Во рамките на новиот проект Arts Hub кој ќе го реализираме во периодот 2023/24 година, продолжуваме со серијата презентации и разговори со уметници од локалната уметничка сцена.

Серијата на презентации ја завршуваме со презентацијата на проектот „Лета лета Локубија“ на Елена Чемерска.

„Лета лета Локубија“ претставува продолжување на долгогодишните активности во рамките на интердисциплинарниот документарен уметнички проект во организација на визуелната уметница Елена Чемерска кој има за цел физичка и значенска ревитализација на Споменикот на слободата во Кочани и неговата утописка програма.

Во рамки на овој проект, беше реализирана дводневна работилница во период од еден месец за изработка на летала од рециклирани материјали од градската депонија во Кочани врз основа на цртежи на децата учесници во работлницата, инспирирани од мозаичните фризови на Споменикот на слободата.

Поттикната од приказните на членови на различни генерации од локалната заедница врзани со неформалната традиција на летање на змејови на Споменикот на слободата, а имајќи ја во предвид неговата географска позиција во однос на градот, оваа работилница беше наменета за сите деца кои живеат во подрачјето на ридот Локубија, Кочани и пошироко на возраст од 6-12 години љубопитни за летањето, летачките објекти и нивното создавање.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.