Во вторник (22.06.2021) со почеток во 18.00 часот, во КСП Центар – Јадро започнува  финалната презентација на работилницата ГЛАСОТ НА ТЕЛОТО, во рамки на која учесниците во работилницата го претставуваат процесот на работа реализиран во претходните 7 дена (помеѓу 15-22.06.2021), под водство на Искра Шукарова и Питер Шишиоли. Од КСП Центар-Јадро, учесниците и менторите ќе ја поведат публиката на следната локација, во градкиот парк, каде што ќе продолжат и ќе ја заокружат презентацијата.

После завршната презентација ќе следи разговор со учесниците во работилницата, во КСП Центар-Јадро.

Водачи на работилницата, која се реализира во периодот 15-22.06.2021 се Искра Шукарова (МК) и Питер Шишиоли (САД), а соработник за видео-документација на процесот е Јохан Мелин (Шведска/МК).

“Гласот на телото”

Тоа е 7-дневна работилница за изведувачки уметности што се одржува во Скопје помеѓу 15-ти и 22јуни 2021, фокусирана на движење, глас и тело низ различни уметнички медиум, под водство на танчерката, кореограф и професор Искра Шукарова и Питер Шишиоли, интердисциплинарен изведувач, креатор, едукатор и продуцент со седиште во Бруклин. Како дел од тековниот дијалог што го имаат од 2013 година, Шукарова и Шишиоли ги споделуваат своите пристапи кон „времето како квалитет“ и „гласот како движење“ преку секојдневна пракса на физичко и вокално загревање, вежби за проширување на перцепцијата и експресивниот опсег на учесниците, како и алатките за создавање материјал преку интердисциплинарен пристап. Работилницата вклучува 15 учесници од полето на танцот, театарот, психологијата, педагогијата и други дисициплини, кои се впуштат во овие уметнички истражувања на отелотворен начин. Финалната презентација на работилницата ќе се одржи на 22 јуни со учество на Шукарова, Шишиоли и учесниците на работилницата и ќе биде проследена со тркалезна маса отворена за пошироката заедница, која ќе биде модерирана од водачите на работилницата.

7-дневниот процес на работа беше составен од дневни сесии со времетраење од по 3-4 саати. Дневните сесии се одржуваа во градкиот парк. Работилницата завршува на 22.06.2021  со финален настан за презентација и тркалезна маса во Центар-Јадро.

Искра Шукарова ги завршила студиите за современ танц на National Conservatorium Superior во Лион, Франција. Во 2002 година магистрирала на Лабан центарот во Лондон, В. Британија. Завршила бројни обуки за танцување со етаблирани уметници. Делата на Шукарова имаат турнеи на регионално и на меѓународно ниво. Била добитник на стипендии како Arts Link и Dance Web. Шукарова била солист во Македонската опера и балет од 1991 година. Таа е една од основачите на Локомотива – Центар за нови иницијативи во уметноста и културата. Таа е исто така соосновач и програмски ко-директор на фестивалот за современ танц Локомоушн во Скопје и еден од основачите на Балканската танцова мрежа и проектот НОМАД танцова академија. Членка е и на мрежата Global Practice Sharing од Њујорк.
Од 2010 година Шукарова е професор на катедрата за балетска педагогија – современ танц при ФМУ-УКИМ. Во февруари 2014 година докторира на Факултетот за драмски уметности, при државниот универзитет “Кирил и Методиј” во Скопје.

Питер Шишиоли е интердисциплинарен изведувач, творец, едукатор и продуцент со седиште во Бруклин, чија работа опфаќа танц, музика, театар и филм. Тој ја започнал својата кариера во Чикаго (1996-2002) и оттогаш создава перформативни дела со широк спектар на соработници во традиционални и нетрадиционални простори низ целиот свет, a најмногу во САД, Централна и Јужна Америка и во Источна Европа Во најважните моменти од неговата изведувачка кариера спаѓаат: Концертот на млади уметници на Мередит Монк (Meredith Monk’s Young Artists Concert); јубилејната сезона за 50-та годишнина на Карнеги Хол; Ascension Variations во музејот Гугенхајм.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.