На покана на Американскиот универзитет во Благоевград, во четврток, 21 ноември, ќе биде претставена поезијата на македонскиот поет Славе Ѓорѓо Димоски. Пред присутните ќе се чита поезија на македонски и на аглиски јазик објавена во неговите книги Engravings (Гравири) и Field. Batelevield? (Поле. Бојно поле?), а ќе биде воден и разговор со поетот за современата македонска поезија и нејзината состојба денес.

Славе Ѓорѓо Димоски на македонски јазик има објавено четиринаесет книги, а деветнасет одделни избори се објавени на странски јазик, од кои три на бугарски. Одделни песни и поетски циклуси преведени се на над триесет јазици. За неговата поезија напишана е едена есеистичка книга, а во Италија одбранет е магистерски труд.

За својата поезија повеќекратно е наградуван во земјава и странство, а меѓу наградите се „Браќа Миладиновци“ на СВП, „Ацо Шопов“, „Сергеј Есенин“ (Русија), „Гран-при на европската поезија“ (Романија), и двапати на охридскато највисоко признание “Св. Климент Охридски, патрон на Охрид“, еднаш за особен придонес во подемот на Охрид и еднаш за животно дело.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.