Вечерва на програмата на 46. МОТ се претставите „Имагинарен, ти“ во режија на Блерим Дарлишта, која во 20 часот ќе се одигра на во МКЦ, сала Фросина

Дардани е поранешен војник на Jугословенската армија, кој во текот на 90-тите се приклучил на Хрватската армија, а потоа и на Ослободителната војска на Косово. Дардани ги објавува своите сеќавања од војната, сеќавањата од опасните времиња, смртоносни, но понекогаш и комични.
И после војните во потрага по вистината почнува да ги гори сите објавени сеќавања, но не успева дури ни по неговата смрт да ги избрише од потсвеста. Во тоа му помага неговиот брат, кој се труди сеќавањата да не бидат објавени заради неговата политичка кариера. Нему му останува само дневникот на брат му, како и надежта тој да не стигне во погрешни раце.

Претставата „Јовано, Јованке / Прво па женско“ од авторката и изведувачка Јована Зајкова
и во соработка во развојот на перформансот и кореографијата со Бобан Русески во 21 часот ќе може да ја погледнете во МКЦ, сала 25 Мај.

Ова е претстава за Јована – креативен, нефиктивен лик и мешавина од нејзините размисли и идеи. Наместо да ги пласира на социјалните мрежи користејќи ги најновите и најмодерни филтри и ефекти, Јована реши да ги претстави на сцената. Па сите вие на кои ви се потроши батеријата на телефонот, ве заболе прстот од скролање или пак едноставно сакате во живо да ѕирнете во нечија туѓа интимност, ова е настан што не би сакале да го пропуштите.

Билетите за претставите изнесуваат 300 денари. Истите се достапни преку bileti.mkc.mk и на билетарница во МКЦ.

Тимот на МОТ го задржува правото на измени во распоредот на претставите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.