Театарската претстава „Мамутот“ во режија на Александар Јовановски, вечерва со почеток во 20 часот ќе се одигра во Јаван соба. Во претставата играат: Сандра Танчева. Бранко Атанасов и Изабела Јакимова.

Во Македонија виреат митовите за ХИВ, младите немаат каде да се информираат, одржливоста на услугите за ХИВ сѐ уште не е сигурна, а дискриминацијата и стигмата со кои се соочуваат луѓето кои живеат со ХИВ се и натаму присутни и им стојат на патот кон остварувањето на здравствените и социјалните права. Доволно е болно што секојдневно луѓе умираат од овој вирус, но тоа може да се намали па дури и да се спречи и да се дозволи тие луѓе да имаат нормален живот, никој не смее да умре од незнаење. Борбата со оваа болест не е борба на поединецот, тоа е борба за сите нас, која треба да започне со основна едукација која навистина недостасува. Најдобар начин да се уништат стигмите е да се зборува јавно и отворено, транспарентно. Оваа претстава, имено, го прави тоа, преку љубовната приказна на двата главни лика Марко и Ива како и ликот функција на Др. Цимерман и Мамутот кој е симбол на големата болест, големиот страв, силата, слободата, еднаквоста и смртта. Зад секоја хронична болест стои само човек кој се обидува да го најде својот пат во светот. Сакаме да покажеме љубов, сакаме да покажеме дека се сакани и дека заслужуваат и можат да бидат среќни и успешни. Со оваа претстава сакаме да направиме нешто што е важно. Ние само се справуваме со несаканите ограничувања на хероите!
Луѓето со ХИВ и СИДА се луѓе како и секој од нас, и секој има приказна за раскажување. На овие луѓе треба да им се помогне, да се прифатат и да не се отпуштат. Треба да ги отвориме нашите срца и умови за нив, и можеби ќе научиме дека сме еднакви.

Билетите ќе се продаваат на денот на изведбата по цена: 300 денари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.