Алтернативниот театар „Чекори“ за утре, сабота, 14 август во 20 часот ја најавува премиерата на претставата „Женски работи“ која ќе се одржи на сцената на Домот на културата „Димитар Влахов“ во Автокоманда, Скопје. Автор на текстот е Жан Клод Дино, а претставата е во режија на Маја Ѓурчевска.

Улогите ги толкуваат Зорица Манева, Ангела Наумовска и Маја Ѓурчевска. Суфлер, инспициент, тон и светло мајстор е Никола Димевски.

Делото спаѓа во жанрот црна комедија, а влезниците по цена од 100 денари можат да се набават на самиот влез, пред почеток на претставата.

Со своето 48-годишно постоење, Театар ,,Чекори” е најстариот алтернативен театар во Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.