На 29 декември (вторник) со почеток во 12 часот Драмски театар Скопје премиерно ќе ја изведе претставата „Диши“ по текст на Данкан Мекмилан во режија на Димче Николовски – Димсата

„Диши“ е прекрасен предизвик кој не дозволува да му се доближиш без сериозно истражување на повеќе области при сценската реализација. Секое истражување мора во себе да содржи и преиспитување. „Диши“ како да живее низ преиспитување. Прекрасен процес, супер соработници, едноставно уживање. Се надевам дека и публиката ќе почувствува барем еден дел од тоа наше уживање, вели режисерот на претставата.

Улогите ги толкуваат Јасмина Василева и Димитрија Доксевски.

Драмскиот театар апелира заинтересираните за следење на оваа претстава претходно да ги контактираат во однос на протоколите за ковид-19.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.