Премиерата на хрватскиот документарен филм „Анатомија на геноцидот врз богомилите“ во продукција на TV studio7 од Хрватска ќе се одржи во петок, (3. мај 2019) со почеток од 17:00 часот.

Филмот трае 42 мин., а ќе биде прикажан во Кинотека на Македонија – ул. Никола Русински бр. 1 – Скопје (наспроти Гимназијата Никола Карев, позади ТЦ Лептокарија – Карпош 3).

По завршување на проекцијата заинтересираните медиуми ќе имаат можност да го интервјуираат авторот на филмот, г-н Морис Хоблај, кој ќе гостува во Скопје за премиерата на филмот.

 Влезот на проекцијата е бесплатен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.