Долгометражниот игран филм „Глас“ во режија на Огњен Свиличиќ, во продукција на „Максима филм“, а во копродукција на „Скопје Филм Студио“, утре, на 14 ноември ќе ја доживее македонската премиера како филм од програмата МК во ЕУ на овогодинешното издание на Фестивалот на Европски Филм „Синедејс“.

По светската премиера во Бусан, каде што беше одлично прифатен од публиката, филмот имаше европска премиера на Интернационалниот Филмски Фестивал во Варшава по што фестивалскиот живот продолжи на Фестивалот во Котбус, Германија каде беше дел од Натпреварувачката програма.

„Глас“ е приказна за младо момче кое пристигнува во католички интернат, каде што дава отпор на верските практики на училиштето. Сепак, учениците и наставниците го сметаат момчето за прилично чудно.

Сценариото за филмот го напишаа Огнен Свиличиќ и Маријана Верхоев, директор на фотографија е Маринко Маринкиќ, сценограф е Ивана Шкрабало, костимографијата е на Емилија Ивановска-Атанасовска, снимател на звук Игор Поповски, а монтажата на Наташа Пантиќ. Продуцент на филмот е Дамир Терешак а ко-продуценти се Томи Салковски и Николина Вучетиќ.

Улогите ги толкуваат: Франко Јаковчевиќ, Белма Салкуниќ, Игор Ковач, Карла Брбиќ, Барбара Вицковиќ.

„Глас“ е копродукција помеѓу Максима филм од Хрватска, Скопје Филм Студио и Биберче продукција од Србија, а проектот беше поддржан од страна на Агенцијата за филм на РСМ како и Хрватскиот аудиовизуелен центар, Хрватската радиотелевизија и Филмскиот центар на Србија.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.