Лагата не е ни слатка, ни нежна. Лагата е крвава и немилосрдна. Додека вистината и искреноста сепак се предуслов за вистинска уметност, за едно уметничкото дело да го претвориме во стварност. Барем во онаа уметност за која вреди да се зборува“, истакнува Андраш Урбан, режисер на претставата „History of Motherfuckers“, која публиката премиерно има можност да ја види на 17 и 18 јуни во Битолскиот народен театар. Тој посочува дека во историјата секогаш зборуваме за разни motherfuckers кои биле грди, глупави, зли, кои некако ја зезнале работата и нè спречиле да уживаме во крајно совршено општество полно добрина, благосостојба, слобода, сигурност и вечно победнички војни

„History of Motherfuckers“ е новата претстава во режија на Андраш Урбан и во продукција на Битолскиот театар, која премиерно ќе се изведе на 17 и 18 јуни со почеток од 20 часот на големата сцена „Благој Стефановски-Баге”. Текстот за претставата е на Ведрана Божиновиќ, а според политичката драма на Вилијам Шекспир – „Кориолан“.

Во претставата улогите ги толкуваат Иван Јерчиќ, Соња Михајлова, Викторија Степановска- Јанкуловска, Сандра Грибовска, Николче Пројчевски. Сценографијата е на Валентин Светозарев, костимограф е Благој Мицевски, композитор е Ирена Поповиќ Драговиќ, а музиката ја исполнуваат Александар Димовски и Славчо Јовев.

„History of Motherfuckers“ е наменета за публика над 16-годишна возраст.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.