Денеска, 15 декември во 19:30 часот во салата 25 Мај во Младински клутирен центар (МКЦ), ќе се одржи традиционалниот предновогодишен концерт на ансамблот на Градскиот дувачки оркестар.

На овогодинешниот празничен концерт ќе бидат изведени дела на Л. Андерсон,, Х. Еминовиќ, Џ. Темпест, Р. Стицл, М.П. Мосман, Џ. Кандер и други.

Оркестарот е формиран во март 2006 година, на иницијатива на Град Скопје и Младинскиот културен центар и во него членуваат професионални музичари и студенти на Факултетот за музичка уметност. Од самиот почеток па сѐ до денес ГДО има настапувано на сите значајни културни манифестации во Скопје и низ другите градови во државата.

Влезот на концертот е бесплатен.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.