Изложбата „Портретна симфонија“ е плод на повеќегодишна соработка со Филхармонија, а ќе биде отворена во сабота, на 27 ноември, со почеток во 20 часот.

Изложбата ќе се одржи во фоајето на Филхармонијата, токму онаму каде што започнала соработката во 2017 година.

„Она што на почетокот требаше да биде репортажна фотографија, набргу прерасна во континуирано уметничко творештво. Се разбира, покрај уметничката визија на Маја, за тоа се заслужни и самите концерти кои инспирираат со својата раскошност и сонична убавина“, велат оттаму.

Маја Аргакијева е родена 1977 година во Скопје. Има учествувано на бројни домашни и меѓународни изложби по фотографија, каде освојува повеќе награди и признанија. Во 2012 година, е дел од групната изложба “F9“, на 9 жени фотографки.

Во 2014 година, е дел од изложбата по повод Светскиот ден на лицата со Даунов синдром, а во 2015 година учествува во кампањата “Free birth” со своја изложба на фотографии. Дел е од книгата “12 македонски фотограф(к)и, издадена во 2019 година. Во 2021 година, станува дел од официјалниот македонски Генерација Р тим на Canon.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.