Денеска во 12 часот во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид ќе се одржи поетско – литературна средба со авторката Оливера Јовановска од Мелбурн – Австралија.

Всушност во Охрид во Прличевата одаја промоторите – поетесата и познатата поранешна спикерка на МРТВ Лилјана Стоилковска и м-р Милчо Јованоски, директор на охридската Библиотека ќе ги промовираат книгите: „Неостварена љубов“ , „Магични љубовни зборови“ ,  „Лавиринт на вистината“ и „Одмрзнати чувства“ од авторката Јовановска.

Четирите книги ( три поетски и еден роман) се во издание на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј.

Промоцијата ќе биде збогатена со неколку македонски новокомпонирани песни  – стиховите се дело на Оливера а во изведба на нејзиниот сопруг Љупчо Јовановски – Бубе .

Поезијата и прозата на Оливера се продукт на личното животно искуство, „приказните“ собирани и слушани во секојдневното окружување и како кај секој творец надоградени со низа имагинарни ликови и ситуации.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.