Модерната екранизација на култното дело на писателката Оливера Николова, „Зоки Поки“ веќе извесно време се снима во населбата Карпош во Скопје.

ТВ серијата за најпознатиот македонски детски лик ја режираат Александар Поповски и Марија Апчевска, Даријан Пејовски и Радован Петровиќ, а e во продукција на Кино Око, каде како главен продуцент се јавува Роберт Насков. Предвидено е снимање на десет епизоди според внимателно одбрани теми и приказни од книгата со која имаат израснато многу генерации.

Верувам дека спојот на она што мојата генерација го наследи од генерацијата на нашите родители ќе успееме да го пренесеме на нашите деца. Зоки Поки носи покрај забавен карактер и една длабоко хумана порака. Преточена во модерен јазик мислам дека една серија со приказни од животот на ова момче може да фрли едно топло светло врз телевизиската програма, изјавува режисерот на серијалот, Александар Поповски.

фото: Фејсбук

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.