Новиот филм на Дамјан Козоле “ПОЛУСЕСТРА” својата светска премиера ќе ја има во главната селекција на престижниот Филмски Фестивал во Карлови Вари. Учеството во главната конкуренција на овој реномиран фестивал е уште еден успех на македонската кинематографија.
Како малцинска копродукција учествувавме и во претходниот филм на Дамјан Козоле “Ноќен живот” кој исто така својата премиера ја имаше на Филмскиот фестивал во Карлови Вари, каде освои и Кристален Глобус за најдобра режија во 2016 година. Дамјан Козоле е еден од водечките словенечки и балкански автори, чии филмови секогаш зборуваат за актуелни теми. Сите негови филмови имаат доживеано големи успеси како фестивалски така и во однос на дистрибуцијата во Европа.

Полусестра” е копродукција помеѓу Словенија, Македонија и Србија. Филмот зборува за две полусестри и проблемите со кои се соочуваат.

 

Од македонска страна филмот беше поддржан од Агенцијата за Филм. Македонската екипа ја сочинуваат актерката Лабина Митевска, монтажер на филмот е Атанас Георгиев, снимател на тон Игор Поповски Нивеа, микроман Дарко Бошковски, асистент на камера е Маријан Боцевски, арт директор во сценографија е Бобан Петрушевски, дел од звукот е работен во Аудиохаус, македонскиот дел од кастингот е направен од Киријана Николоска.

Премиерата на “Полусестра” во Карлови Вари ќе биде на 2 Јули, а филмот ќе биде уште два пати прикажан на фестивалот на 3 и 5 Јули.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.