Љубителите на пишаниот збор имаa можност да уживаат во поезијата на Блаже Конески. Неговите дела, кои ги интерпретираше актерката Симона Спировска и пијанистот Дино Имери повторно оживееа вчера пред платото на  Центарот  за култура „Браќа Миладоновци“ во Струга.

Станува збор за прво поетско читање по повод одбележувањето на 100 години од раѓањето на познатиoт поет, лингвист но и еден од кодификаторите на современиот  македонски литературен јазик. Настанот кој се оддржа е во рамките на прославата-30 години од независноста на Македонија.

Инаку овој месец албумот го реиздаде една од најголемите дискографски куќи во регионот Кроација рекордс од Загреб, албум кој оригинално беше снимен пред 4 децении во 1981 година.

Целта на проектот е промоција и зачувување на македонската култура и книжевност преку делата на овој великан.  Како дел од проектот во септември ќе следат уште 3 вакви настани, два во Скопје и еден во Прилеп

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.