В петок, на 18 септември, во 20 часот во дворот на Кинотека ќе се одржи настанот „Пат околу светот за еден век“ со кој ќе се одбележат 100 години од раѓањето на еден од основоположниците на современата македоснак книжевност Славко Јаневски. Настанот е најавен како поетско-музичко препрочитување на збирката со детска поезија на Јаневски „Црни и жолти“ со групата ВИС „Тркалезна маса“.  За загревање на атмосферата ќе биде прикажан филмот „Сонце зад решетки“ (1957), чиј потписник како автор на сценариото и режисер е Славко Јаневски.

„ВИС Тркалезна маса“ е група настаната во рамките на четириесетмесечниот поетски маратон „Астални проекции“. Составот обединува писатели, музичари и уметници со различни уметнички искуства, сплотени околу меракот за импровизирана музика, настаната во спонтан дијалог со книжевноста и со омажи на значајни уметници и писатели (Дејвид Боуви, француски надреалисти, Блаже Конески, Лилјана Дирјан). Покрај многубројните концерти во рамки на „Астални“, ВИС Тркалезана маса настапувал на неколку манифестации: Денови на европската култура, Радио Слободно Скопје, АртАреа, Скопско лето, Денови на македонската музика, Велешко културно лето.

Настанот е во организација на ВИС „Тркалезна маса“, Фондацијата „Славко Јаневски“ и Кинотека.

Во согласност со протоколите за спречување на ширењето на вирусот Covid-19, настанот ќе биде со ограничен број гледачи, вкупно 91 место за седење.

Јаневски е авторот на делото „Сели зад седумте јасени“ прв роман објавен на стандарден македонски јазик.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.